Ексклузивно интервју за медиа.мк со Марк Брнс, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп.Тој открива кои се плановите за нов четири годишен мандат на Претседателот Трамп за Македонија и регионот, економската соработка помеѓу двете држави, актуелни теми од светот и регионот и пренесува предизборна порака од Претседалот Трамп за Македонците во Соединетите Американски Држави, меѓу другото и дали доколку биде реизбран Претседателот Трамп ќе ја посети нашата држава.

Го запрашаме: Единствен Претседател кој ја посетил Македонија е Бил Клинтон во 1999 година. Претседателот Трамп најави посета на соседна Србија веднаш по изборите. Дали може да очекуваме посета на Претседателот Трамп и на Македонија?
- Она што можам да ви го кажам е дека претседателот Трамп ќе работи неуморно со македонската влада и Стејт Департментот со цел тоа да се случи. Јасно е дека една од главните цели на претседателот Трамп е да ги зајакне нашите сојузници во вашиот регион. И Северна Македонија е клучен партнер за да се осигураме дека истото ќе се случи и дека нашите нации се соединети. Ќе бидам многу јасен- силна Македонија значи силна Америка, и силна Америка значи силна Македонија.
Погледнете го целосното интервју со многу интересни прашања.
