Елена Шиленкова (37) шест години ги негува своите „бебиња“ кои сега имаат рекордна должина, и сето само заради облог со пријател кој и рекол дека не може да го стори тоа.
– Моите нокти сега се најдолги од кога и да било, ги негував со внимание во последните шест години. Се почна заради облог, а сега веќе сите навикнаа на мојот статус ’долги нокти’.
Уште рекла и дека нема проблем со секојдневните активности, само некои работи ги прави поразлично од другите луѓе.
„Само треба постојано да ги контролирам сите свои движења… и се обидувам да одбегнувам нагли движења и смирено се ’однесувам’“, рекла Елена и додала дека и недостасуваат ракавици зашто во Русија знае да биде многу ладно, па рацете мора да ги става во џебовите.
