19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ПОТВРДЕНО: Напаѓачот во Виена е Кујтим Фејзулаи со ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека терористот што синоќа го изврши крвавиот терористички напад во Виена е со потекло од Северна Македонија.

Тој за АП изјави дека напаѓачот именуван како Кујтим Фејзулаи, претходно бил осуден на 22 месеци затвор во април 2019 година сараи обид отпатува во Сирија за да се приклучи на групата Исламска држава. Бил предвремено ослободен во декември според законот за малолетници.

До сега полицијата во Виена изврши 15 претреси во куќи, и неколку лица се уапсени, пренесува АП.

Напаѓачот, рече тој, „бил опремен со лажен експлозивен елек и автоматска пушка, пиштол и мачета за да го изврши овој безобразен напад врз невини граѓани“.

Властите сè уште се обидуваа да утврдат дали други осомничени се во бегство.

Претходно полицијата ги повика граѓаните на да останат дома, а децата се ослободени од училиште.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести