Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ШОК ОД ГЕРМАНИСКИОТ ВИРУСОЛОГ ДРУСТЕН: Едно е сигурно, пандемијата нема да стивне до Велигден!

Германскиот вирусолог Кристијан Друстен не очекува брза нормализација на состојбата со Ковид-19, иако во Германија од денеска стапи на сила новата блокада.

Едно е сигурно: пандемијата нема да стивне до Велигден, изјави Друстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но само ако сега успееме да го контролираме ширењето на коронавирусот“.

Тој препорачува секој од нас да се однесува како да е заразен и обратно – да се третираат другите како да се заразени.

Ова е единствениот начин да се блокира патот на инфекцијата, вели Друстен и истакнува дека претстојат месеци на сериозни ограничувања.

Според него, од особено значење во борбата против коронавирусот е зголемената употреба на брзи тестови.

На овој начин, можеме да утврдиме не само дали некое лице е заразено со коронавирус, туку и дали и во колкава мерка е заразено за други, рече Друстен.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предупреди дека „пред нас се тешки времиња“.

Дури и ако ја откажеме блокадата за неколку недели, можно е да следат нови строги ограничувања, изјави Шпан за германската јавна телевизија ЗДФ.

Според него, Германија е во невидена ситуација и претстојат месеци со сериозни ограничувања.
Во Германија од денеска се на сила новите мерки против коронавирусот. Сите ресторани, барови, клубови и дискотеки се затвораат. Истото важи и за театрите, оперите, концертните сали и кината. Германците имаат право да се сретнат надвор само со едно друго домаќинство, а туристичките патувања се забранети. Од друга страна, училиштата и градинките остануваат отворени. И продажните места ќе продолжат да работат, иако со построги ограничувања.

Овие мерки се очекува да бидат во сила најмалку до крајот на ноември.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...