Според главниот уредник на австрискиот неделен весник Фалтер, Флоријан Кленк, извршителот на нападот во Виена, има албанско потекло.
Кленк вели дека извршителот на нападот бил околу 20 години, роден и израснат во Виена, но со албанско потекло.
„Неговото име беше Куртин С. роден 2000 година, имаше 20 години, роден и пораснат во Виена и имаше албанско потекло. „Неговите родители доaѓаат од Северна Македонија и не се истакнуваат многу кога станува збор за исламизмот“, напиша тој на Твитер.
„Истражував некои детали за терористот, се викаше Куртин С. роден 2000 година, имаше 20 години, роден и пораснат во Виена и со албанско потекло. Неговите родители потекнувале од Северна Македонија и не се истакнувале никогаш кога стануваше збор за исламот. Тој беше под радарот на властите затоа што беше еден од 90-те австриски исламисти кои сакаа да патуваат во Сирија. Во јули беше спречен од властите да отпатува. „Полицијата не му веруваше на тој што планираше терористички напад во Виена“, напиша главниот уредник Кленк.
