Според првичните сомнежи станува збор за терористики напад во центарот на Виена. Во престрелките , како што соопштуваат од полицијата, настрадале седум лица, од кои еден е од напаѓачите , кој сам се разнел, додека останатите се во бегство.

Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер изјавич дека најверојатно се работи за терористички напад во кои има мртви и повредени.
Нападот се случил нешто по 20 часот, а првичните сознанија велт дека бил изведен од четворица напаѓачи.
Паралелно се лиферуваат информации и за втор напад во ресторан кде имало повредено лице.

Центарот на Виена е преплавен од полиција, а портпаролот на полицијата ги повикал жителите да останат мирни и да не ги напуштаат своите домови.