Ексклузивно интервју за медиа.мк со Марк Брнс, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп.Тој открива кои се плановите за нов четири годишен мандат на Претседателот Трамп за Македонија и регионот, економската соработка помеѓу двете држави, актуелни теми од светот и регионот и пренесува предизборна порака од Претседалот Трамп за Македонците во Соединетите Американски Држави и дали доколку биде реизбран Претседателот Трамп ќе ја посети нашата држава.
На прашање која е пораката од Претседателот Трамп до Македонците, тој одговори:
“На Претседателот Трамп му е потребна вашата поддршка како никогаш досега. Претседателот Трамп е претседател кој се залага за сите Американци, вклучувајќи ги и нашите Македонци кои живеат во САД. Тие се столбот во нашата заедница со оваа нација.Претседателот Трамп, Републиканската партија и неговата администрација имаат потреба од Вас да излезете и да гласате, со цел да осигураме победа во Охајо, во Пенсилванија. Потребна ни е поддршка од Македонците во Флорида, во Северна Каролина, да излезат и да гласаат за претседателот Доналд Трамп , да го реизберат, како 45ти претседател на САД.” – одговори Брнс, кој подоцна додаде дека „силна Америка значи силна Македонија“!
Пасторот Марк Брнс е „етикетиран“ од “Time Magazine” како „најбитниот пастор на Доналд Трамп“ и прогласен за еден од „16-те луѓе кои ги одбележаа претседателските избори во 2016 година“. Пастор Брнс е чест гостин на „CNN, MSNBC, FOX News, Al Jazeera-America, BBC, ABC News, CBS и National Public Radio (NPR)“. Многу текстови за него пишуваат и “Times Magazine, Wall Street Journal, New York Times, Washington Post, Yahoo News, Bloomberg News, Vice News“ и други.

Пастор Марк Брнс е познат мотивационен говорник кој често ја крева публиката на нозе на митинзите низ целата земја со приказни што инспирираат. Неговиот говор на Републиканската национална конвенција во 2016 година познат како „Сите животи се важни“ го инспирираше светот и добри пофалби од секаде.

Брнс е еден од ретките соработници кои останаа до Претседателот Трамп од 2015 година до денес. Тој е клучен човек на Претседателот во односите до Афроамериканците.

