7.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Позитивен на Ковид затекнат во кафуле: Седел со три лица без маска и се дружел со лекари во Вараждин и направил вистински хаос !

47-годишен маж заразен со коронавирус бил затекнат во угостителски објект во Вараждин, каде бил со уште три лица, а пред тоа со неколку вработени во една здравствена установа, соопшти денеска полицијата во Вараждин.

Тоа се случило во саботата наутро, кога полицијата добила дојава дека заразениот маж ја прекршил  мерката самоизолација и лекување во домот, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен до местото на живеење, пренесува Индекс.

Како што се наведува, утврдено е дека мажот престојувал во угостителски објект без употреба на заштитна маска, а за тоа била известена и епидемиолошката служба на јавниот здравствен институт од округот Вараждин со цел да се преземат соодветни мерки.

Против него ќе се преземе кривична истрага под сомнение дека сторил кривично дело ширење и пренесување на заразни болести.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести