21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве колку “тежат” во милиони Драгана Мирковиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена.

Веб-страница која објавува податоци за богатството  на познатите личности, објави колку тежат и големите балкански ѕвезди, а од бројките ќе се за заврти во главата.

Богатството на регионалните јавни личности се мери во милиони. Многу од нив самите сезаслужни за својот  успех и со текот на годините сакаа да бидат подобри и побогати во текот на нивните кариери.

Така на познатиот сајт „Celebrity net value“  се најдоа и пејачките Драгана Мирковиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена.

Прва на списокот е Драгана Мирковиќ, чие богатство се проценува на 100 милиони долари.

Пејачката е една од најуспешните јавни личности, а во нејзината повеќедецениска кариера има издадено 20 студиски албуми, а Драгана и нејзиниот сопруг Тони се сопственици и на телевизиската компанија „ДМ сат“.

Втора на списокот е Светлана Цеца Ражнатовиќ, која е „тешка“  80 милиони долари.

Цеца е најпопуларна и најплатена пејачка, а во нејзината кариера има издадено 15 студиски албуми.

Лепа Брена важи за најпродавана уметничка во поранешна Југославија, што и донесе богатство проценето на 16 милиони долари.

Има продадено повеќе од 40 милиони плочи. До 2013 година таа објави вкупно 17 албуми. Таа исто така се појави во неколку филмски и телевизиски серии.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести