Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

НАЈУБАВАТА ПЕЈАЧКА од 90-те ѕверски убиена на 23 години: Пред смртта успеала да го каже името на убиецот!

Американската продукциска куќа Нетфликс неодамна исфрли трејлер за серијата која го следи ликот и делото на познатата пејачка Селена Кинтаниља Перез, која беше убиена само 16 дена пред 24. роденден.

Селена ќе ја глуми 30-годишната Кристијан Сератос, позната по улогата во хит серијата „Walking Dead”. Сигурно се сеќавате на филмот „Селена“ кој ја прослави Џенифер Лопез, која маестрално го одигра ликот на убавата Мексиканка. Животната приказна на Перез е навистина и филмска – полна со среќни и неверојатни пресврти, но со трагичен крај каков што никој не очекувал. 

Со само 23 години успеала да стане поп икона, секс симбол и пример на милиони тинејџерки. Била на врвот на кариерата во моментот кога е убиена, зад себе имала четири хит албуми и надимак „мексиканска Мадона“.

Станала трета латино изведувачка со најголема заработувачка во Америка, но останала приземна дури и по освојувањето на Греми. Концертите и рушеле рекорди, а популарноста пробивала граници, пред се, заради имиџот на добра и воспитана девојка, но и широката насмевка, ведриот дух и раскошниот глас. 

Нејзиното име станало бренд, а таа својот талент го уновчила и на други страни – пишувала песни, дизајнирала облека, се бавела со глума и моделинг. Прогласен е за модна икона, па логично било да има и своја модна линија и да има два бутика. 

Токму тоа било појдовна точка за низата неволи кои тргнале – како менаџерка на бутик вработила своја блиска пријателка. Јоланда Салдивар била и претседател на нејзиниот фан клуб. Токму таа ја чинела живот! Бројни клиентии вработени им се жалеле на Сиена и на татко и Абрахам на однесувањето на Јоланда, но пејачката упорно ја бранела. И верувала до таа мета што ја ангажирала и како личен агент.

Абрахам Кинтаниља во 1995 почнал зачестено да добива повици од фанови кои тврделе дека платиле членарина, а ништо не добиле за возврат. Тој почнал истрага и набрзо открил дека Јоланда ја поткрадувала Селена. 

Славната 23-годишна пејачка решила да се пресмета со пријателката во мотелска соба кога дознала за обвинувањата, а при кавгата Јоланда извадила пиштол и ладнокрвно пукала во Селена. Иако тешко ранета, успеала да отрча до рецепцијата и да каже кој пукал на неа, по што загубила свест. Итно била префрлена во болница и оперирана, но за жал, не преживеала. На погребот присуствувале преку 30 000 луѓе. 

Во октомври 1995 Јоланда Салдивар е прогласена за виновна за убиството на Селена и е осудена на доживотна казна затвор. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...