Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина мерката притвор и определи мерка куќен притвор.
„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б. Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19, во јавноста познат како ‘Рекет’, изјавена преку неговиот бранител, се уважува”- стои во образложението од Апелациониот суд Скопје.
