6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

МИЛАНОВИЌ СО ШОКАНТНА ИЗЈАВА: Сите што зборуваат за полициски час ДА СЕ ЗАТВОРАТ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека сите што зборуваат за потребата од воведување полициски час поради епидемиолошката состојба треба да бидат „затворени“.

– Јас не би вовел полициски час, во никој случај. Полицискиот час звучи како руски НКВД. Што, дали сега полицијата ќе поминува низ улиците со долги цевки – ги праша Милановиќ новинарите на гробиштата Мирогој во Загреб.

Милановиќ, инаку, положи венец и запали свеќа во Алејата на хрватските бранители по повод утрешниот ден на сите светци, затоа што премиерот и претседателот на парламентот, Андреј Пленковиќ и Гордан Јандроквој, ја игнорираа неговата покана да го сторат тоа заедно.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.772 нови случаи на инфекција со корона вирус. Тековниот број на активни случаи во оваа земја е 15.106, а 1.027 пациенти се во болница. Има 74 пациенти на респиратори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести