9.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО КУМАНОВО- Земал 2000 ЕВРА МИТО

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска (28.10.2020) околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357, примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ. И.С.од правно лице од Куманово пбарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери.

Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности. Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести