5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

ИМА НАДЕЖ ЗА ЕВРОПА: Бројот на заразени расте,но смртноста е помала од првиот бран

Иако Европа повторно има голем проблем со пандемијата, бројот на заразени расте, владите воведуваат нови блокади, економиите се затвораат – се уште има трошка надеж, а тоа е дека иако вирусот е се уште смртоносен, тој убива многу помалку од порано.

Најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) за инфекции и смртни случаи покажуваат дека, иако случаите на коронавирус се зголемуваат во Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и други европски земји, смртноста не расте со исто темпо.

– Стапката на смртност падна. Во Велика Британија, можеме да видиме дека падна на најниската точка од јуни до август, рече Џексон Оке, статистичар во одделот за здравствени науки во Нуфилд.

Оке ги следел стапките на смртност од коронавирус заедно со неговиот колега Карл Хенеган од Центарот за медицина и здравствениот економист Даниел Ховдон. Нивните истражувања покажуваат дека на крајот на јуни, стапката на смртност во Велика Британија била нешто под три. До август,  паднала за околу 0,5 проценти, а сега изнесува околу 0,75 проценти.

Пониските стапки на смртност не се единствени во Европа, тврди Си-Ен-Ен.

Во Њујорк, стапката на смртност на хоспитализираните лица поради инфекција со коронавирус, исто така, се намали во споредба со претходниот период.

Според студијата на тим истражувачи од Медицинскиот факултет во Њујорк, низ САД, процентот на заразени лица кои починале во април е 6,7,  додека 1,9 проценти починале од коронавирус во септември.

Научниците веруваат дека најголемата причина за намалување на стапката на смртност кај заразените со коронавирус е тоа што вирусот првично најмногу ги напаѓал старите лица, а тие наведуваат дека од јануари до јуни просечната возраст на заразени е падната од 54 на 39.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести