Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Кучињата ги отктиваат заразени со коронавирус со идентична ПРЕЦИЗНОСТ КАКО ПЦР ТЕСТОВИТЕ

Резултатите од истражувањето во Финска со кучиња кои можат да намирисаат заболен од корона вирус покажуваат дека кучињата дошле до речиси идентични резултати како при спроведување ПЦР тестови.

Три кучиња намирисале 2.200 патници кон крајот на септември на аеродромот Хелсинки-Ванта и откриле Ковид-19 кај 0,6 отсто од патниците.

Од 16.000 до 17.000 ПЦР тестови беа реализирани на аеродрмот и помалку од еден процент од патниците беа позитивни – изјави градоначалникот на Ванта, Тимо Аронкјито.

Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружени за откривање на мириси, од 23 септември почнаа со „работа“ на аеродромот во Хелсинки. Истражување на алтернативни методи за тестирање на Ковид-19 е проект финансиран од финската Влада и ќе трае до декември.

Финска се одлучи на такво тестирање откако во студија на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки навести дека дресирани кучиња можат да го откријат корона вирусот со сто проценти сигурност.

Патниците кои се согласни бесплатно да се тестираат на аердромот во Хелсинки не мораат да имаат директен физички контакт со кучето. Тие требаа само да се избришат со марамче и да го стават во тегла, а потоа кучето го мириса во одвоена кабина.

Финска е втора земја во светот која обучи кучиња за детектирање на Ковид-19. Такво тестирање летово беше спроведено во главниот град на Обединети Арапски Емирати.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...