4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Што може да очекуваме од првата генерација вакцини против КОВИД-19

Членката на британската работна група за развој на вакцината, Кејт Бингам, рече дека првата генерација на вакцини против коронавирусот веројатно нема да биде совршена и дека може да не делува на сите.

– Сепак, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина против коронавирусот. Важно е да не се биде премногу оптимист – изјави Бингам за медицинскиот журнал „Лансет“.

Таа рече дека првата генерација на вакцини против Ковид 19 може само да ги намали симптомите на инфекција, па дури и тоа не е гаранција дека ќе биде ефективна за секого.

– Многу, дури би рекла потенцијално сите вакцини може да бидат неуспешни. Фокусот на вакцините е зајакнување на имунолошкиот одговор кај луѓето постари од 65 години, додаде Бингам.

Таа заклучи дека капацитетот за глобално производство на вакцини не ги задоволува потребите за милијарди дози, како што бараат скоро сите земји во светот, па дури и за Велика Британија нема доволно можности да се направат доволно вакцини.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести