21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Шестмина ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА ФАТЕНИ на аеродромот во Скопје како бегаат

Од Царинска управа соопштија дека го спречиле обидот на шестмина кои во текот на минатата недела и покрај тоа што имале решенија за изолација сакале да патуваат.  

Шест лица позитивни на корона вирус се обиделе да заминат од Македонија преку аеродромот во Скопје, пишува Фактор.мк.

„Патниците се евидентирани во системот РАВИО на Царинската управа кој се користи за автоматско следење и стопирање на лица кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата и истите имаат активно решение за изолација издадено од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ, велат од царина.

Инаку системот за контрола на патници-РАВИО е директно поврзан со Регистарот на EXIM на лица позитивни на Covid 19 за кој се одговорни службите од ДСЗИ при што по добиената нотификација овие лица се спречени да ја напуштат земјата и се ставени во изолација според здравствените протоколи.

Извор: Фактор.мк

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести