11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Јанчев најави нова кандидатура за Кавадарци, а Мицкоски му порача да се пакува

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе биде како независен кандидат.

Според партиските реакции на неговата матична партија, мала е веројатноста ВМРО-ДПМНЕ да застане зад него се додека Христијан Мицкоски ја има претседателската функција.

Многу поверојатно е Мицкоски да оди со свој кандидат за да му наштети на Јанчев, без разлика што тоа би можело да значи директно одработување за СДСМ и губење на општината.

Затоа и во жолчната партиска реакција денеска му порачаа дека му остануваат уште малку месеци за да си го одработи до крај мандатот кој што го има добиено.

Партискиот портпарол денеска го нарече “естрада” и го понижи на јавна сцена, што не остава простор Мицкоски подоцна да ја смени одлуката, пукајќи си сам себе во нога. Евентуално , доколку сакаат да го елиминираат , како што се коментира во партијата , јавно би го подржале , а тајно би работеле против кандидатурата на Јанчев.

Митко Јанчев според Мицкоски не е слуга, туку естрада !

Денес на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на дрзок начин, омаловажувачки одговори на новинарско прашање во врска со ставовите на Митко Јанчев.

Новинарско прашање: Коментар за ставовите и искажаното од Митко Јанчев?
Одговор: “Несериозно е да коментираме естрада, на Митко Јанчев му посакуваме плодотворна работа во следните неколку месеци кои што му преостануваат како градоначалник на Кавадарци.”

Ова може да се протолкува како директна порака од Христијан Мицкоски, кој повторно како и на досегашните критики од било кој друг член или функционер реагира на ваков начин.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во 4 општини, меѓу кои најголеми и досегашни бастиони на ВМРО-ДПМНЕ се Општина Илинден и Општина Кавадарци, чии што градоначалници јавно го критикуваат Мицкоски и бараат промени во раководството на партијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести