9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Почина Ли Кун Хи, првиот човек на компанијата „Самсунг“

Првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата „Самсунг“, Ли Кун Хи, починал на 78-годишна возраст во Сеул.

Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен  „Самсунг“, глобален економски гигант кој работи во области што се движат од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт.

Според списанието „Форбс“, Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу 21 милијарда долари.

Точната причина за смртта не е наведена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести