8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Истражување: КОЛКУ ПОВЕЌЕ Е БОГАТ, ТОЛКУ ПОМАЛКУ ГО БИВА

Истражувањето е спроведено во Америка, на што авторот на студијата, др. Aдам Галински, професор по менаџмент и организација на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, вели дека момците со помалку пари можат да ја направат жената посреќна затоа што парите и статусот честопати раѓаат неверство и други негативни карактеристики кај мажите. Конечниот заклучок е дека момчињата со пониски или средни примања се емотивно подостапни, поверни и подобри во кревет, а жените се посреќни со нив затоа што не се толку лицемерни како оние што имаат пари.

И, тоа не е особено револуционерен заклучок затоа што на жените одамна им е јасно дека сексистичкото однесување расте пропорционално на сумите во сметката. Тие не ги поддржуваат своите партнери во кариерата, бидејќи сметаат дека им овозможуваат сè што им треба и дека нема потреба да работат.

Момци со ниска заработка ја поддржуваат кариерата на своите партнери. Тие се пољубезни кога запознаваат нови луѓе, зборуваат повеќе, почесто се насмевнуваат и воспоставуваат контакт со очите. Тие сакаат да се дружат затоа што на овој начин се обидуваат да остварат познанства што ќе ги доведат до успех. Чиста спротивност се побогатите мажи кои не сакаат да се дружат затоа што мислат (на потсвесно ниво) дека не им требаат нови познанства, тие знаат да се фалат и често ја прилагодуваат својата фризура (суета?).

Иако лоши карактеристики имаат и посиромашните, тие не купуваат подароци без да ја пеглаат картичката на минимум десет рати … но затоа сексот е одличен!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести