10.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

ПРЕТЕПАН жител на Велешта!

Четириесетгодишен жител од струшкото село Велешта синоќа бил нападнат и тешко повреден од лица од истото село.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека И.И. (40) бил хоспитализиран во Општата болница во Струга, со тешки повреди на главата.

– По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека И.И., на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од селото Велешта. Против напаѓачите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, изјави Димоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести