7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ ДВЕ СЕМЕЈСТВА ВО КОНДОВО – Извадени биле пиштоли и ножеви

На 22.10.2020 во 18,03 часот било пријавено дека во с.Кондово-скопско бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства, соопштија од МВР.

Имено, според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ. Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести