На 21.10.2020 во 08: 50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(66) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот С.Т.(74) од Скопје, констатирани од Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициска станица Прилеп.