Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Ова средство сите го имаме дома, а помага во одбраната од короната: Правете го ова барем 3 пати дневно

Во борбата против корона вирусот некои широко достапни производи за испирање на устата би можеле и тоа како да ни помогнат за време на пандемијата. Истражувачите од медицинскиот Универзитет во Пенсилванија ги идентификувале оралните антисептички решенија како потенцијален сојузник во ограничувањето на ширењето на корона вирусот. 

Студијата објавена во магазинот Medical Virology ја водел Крег Мејерс кој со својот тим тестирал неколку производи за испирање на усната шуплина и назофаринксот. Истражувачите откриле дека многу водички за испирање уста и нос имале способност да ги неутрализираат корона вирусоте што сугерира дека овие производи можат да имаат потенцијал да го намалат количеството на капкички од вирусот кои заразените луѓе ги испуштаат низ устата. 

Додека чекаме да се развие вакцината потребни ни се што повеќе методи за намалување на преносост на вирусот. Овие производи кои ги пробавме се веќе достапни и дел се од нашата секојдневна рутина, истакнува проф. д-р Мејерс.

Според неговите зборови, следниот чекор е дизајнирање и спроведување клинички испитувања за да се процени можат ли производите како средствата за испирање уста ефикасно да го намалат вирусното оптоварување.

– На луѓето на кои им е дијагностициран корона вирус и се изолирани дома, можат да им го пренесат вирусот на оние со кои живеат. Истовремено, стоматолозите и максилофацијалните хирурзи се во постојан ризика од изложеност на вирусот, истакнал тој и додал дека токму овие средства можат да го намалат тој ризик. 

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Македонија

-Воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира. Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на...