1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Илон Маск: Се надевам дека градот на Марс ЌЕ Е ГОТОВ ПРЕД ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Илон Маск откри планови за создавање град на Марс, кој ќе може да биде целосно самоодржлив и чиј опстанок нема да зависи од Земјата.

Говорејќи на годишната конференција за “Mars Society”, основачот и извршен директор на SpaceX рече дека проектите за развој на населбите на Марс се веќе во тек, но дека тие треба да бидат завршени пред да се случи катаклизма на Земјата.

– Цивилизацијата не изгледа цврсто, згора на тоа, во моментов изгледа разнишано. Нашата цел е да создадеме самоодржлив град на Марс. Не база, туку цел град. Тестот има за цел да утврди дали Марс ќе исчезне ако луѓето престанат да доаѓаат од Земјата. Ако е така, тоа не би било добра вест – рече Маск.

Тој рече дека такво сценарио може да се случи од повеќе причини – на пример, ако комета ја погоди Земјата, еруптира вулкан или дури и ако се случи „нуклеарен Армагедон“ на нашата планета.

– Навистина, сè може да се сведе на тоа дали ќе создадеме самоодржлив град на Марс пред или по Третата светска војна. Мислам дека е веројатно дека ќе успееме по Третата светска војна, иако се надеваме дека нема да има. Ние треба да го сториме тоа пред каква било потенцијална војна – нагласи тој.

Тој додаде дека станува збор за намалување на егзистенцијалниот ризик за цивилизацијата, а потоа и за возбудливата иднина во која човекот ќе се справува со вселената, пишува Independent.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести