5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СДСМ: Дефилето на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот нема да ги спаси од одговорност криминалците во нивните редови

Соопштение за јавност од СДСМ

Вечерва јавноста виде уште едно фијаско од очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски.

Таканаречените протести наменети единствено за спас на двоецот Груевски – Мицкоски на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спасат од одговорност криминалците во редовите на опозициската партија.

Времето на селективна правда одамна помина, сега е време на одговорност за сите кои го прекршиле законот, вклучително и на оние од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и соработниците на Груевски.

Колкаво е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кон правдата доволно зборува што денешните протести ги предводеше и се обрати лице осудено за насилство и кое билo дел од судски процеси.

Нема поголемо лицемерие кон граѓаните од тоа за правда да зборува осудено лице. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се таму каде што се и затоа уште долго ќе останат таму.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести