Џун Тарнер (83) стана локален херој откако храбро се спротивстави на маскиран напаѓач, кој се обиде да и ја ограби продавницата.
Таа освои награда за дело на храброст откако минатата година го претепа криминалецот. Иако во голема мера ја гази својата деветта деценија од животот, оваа баба од Британија успеала да го избрка маскираниот разбојник од продавницата со помош на стапчето за одење, а тој избегал со украдени 50 фунти и кутија цигари, по што бил пронајден и уапсен.
Наградата за храброст се доделува секоја година на луѓе кои покажале голема храброст во некоја ситуација.
Овој неверојатен настан е снимен од безбедносната камера во продавницата. Старицата изрази голема благодарност за оваа награда и рече дека секогаш е подготвена да се жртвува за своето семејство.