8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Еве каде е НАЈГОЛЕМ, а каде НАЈМАЛ ризикот да се заразите со КОРОНА!

Според индексот на ризик од заразување со корона вирус, кој денес го објави сараевскиот портал Кликс, највисок е на забавите во затворен простор. Тоа се баровите и ноќните клубови, авионите, концертите, киносалите, верските служби/заедничките молитви и спортските настани на кои има многу публика.

Тука ризици претставуваат, зависно од наведениот настан, затворените простори, консумирањето алкохол и цигари, долготрајното изложување, изразениот капков пренос, преносот преку површини, пеењето, испуштањето капки и блискиот контакт. 

Она што најмногу влијае на ширењето на заразата, освен затворениот простор, е должината на експозиција и интеракција, гужвите и силното ширење на капките со викање, кивање, кашлање и пеење. 

Во најниски ризици спаѓа останувањето дома, шетањето на отворено, нарачувањтео храна, намирници и земањето напитоци или храна „за носење“.

Меѓу умерените рзиици е бавењето со спорт, набавката во маркети и купувањето козметика и гардероба. 

Среден ризик е вежбањето во теретани, контактот преку предмети и површини, неносењето маски, високата фреквенца на дишење, потоа фризерските и козметичките салони, работата во канцеларија и на крајот консумирањето храна во ресторани. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести