Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Евростат: Катастрофален пад на авиосообраќајот во ЕУ и С.Македонија

Пандемијата на коронавирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година.

На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99 проценти.

Шпанија е најпогодена земја со 61,6 милиони патници помалку во вториот квартал од оваа година отколку во истиот период лани.

Според бројките следуваат Германија со 59,1 милиони, Франција со 44,2 и Италија со 42,6 милиони помалку патници во авионите.

Анализата на Евростат опфати и две земји од Западниот Балкан – Северна Македонија, која држи неславен рекорд – со 2.738 патници во вториот квартал годинава за разлика од лани кога се превезени 602.715 патници, што е пад од околу 600.000, а што се толкува како пад од дури 100 отсто и Србија, каде што бројот на патници се намали за околу милион и пол, што е за 94 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. 

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Свет

Нов мутиран вид на коронавирус, откриен на фарми со визони (куни) во Данска, најверојатно изумрел, соопшти денеска данското Министерство за здравство. Нови случаи на...