3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СЕ УШТЕ СЕ РАБОТИ: Вода ќе дојде или доцна вечер, или утре наутро

Половина Скопје е без вода, а екипи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ сè уште работат на поправка на дефектот на водоводна цевка во центарот на градот.

Вода ќе дојде или доцна вечер, или најдоцна утре рано наутро, пишува „360 степени“.

Половина Скопје во моментов е без водоснабдување или со намален доток на вода. Според „Водовод и канализација“, дефектот ги засегна жителите на Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

Водовод објави дека на неколку локации веќе има цистерни со техничка вода.

Шампионче – Кисела Вода
Три Бисери – Аеродром
Парк – Авионче – Ново Лисиче
Кај Градска Болница – Центар
Бул. Борис Трајковски, кај Тинекс – Кисела Вода.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести