6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

КОРОНА ГЕНЕРАЦИЈА – Како пандемијата ги погодува младите

Во германската област Берлин-Нојкелн во петокот навечер обично е преполно со млади луѓе. Но, зголемувањето на бројот на новоинфицирани лица веќе во девет и пол навечер ги покажува последиците. Баровите се исполнети колку што дозволуваат правилата за растојание, што значи дека се полупразни во споредба со вообичаената гужва во петок.

Гостите седат тивко, носат маски на масите. Нема повеќе луѓе пред вратата како пред десет дена.

Спорадичните туристи бараат остатоци од ноќниот живот. Еден минувач вели дека луѓето во триесеттите години се потешко погодени од ограничувања отколку младите.

– Можеби бараат некого за да основаат семејство. Ова ги намалува шансите да запознаете некого – вели тој, пренесува Дојче веле.

„Не како порано“

Пред да се затвори барот во 23 часот, Линус пие уште едно пиво. Само што наполни осумнаесет години.

– Да, јас ги следам правилата во врска со коронавирусот. Но, ништо не е како порано, кога можеше да дојдеш тука и таму и да разговараш, да поминеш пријатна вечер – вели тој.

Неговиот пријател Лиам додава: На младите им е тешко да се држат до ограничувањата. Јасно е дека сакаме да се дружиме. Но, исто така е јасно дека треба да ги заштитиме постарите луѓе.

Овие млади луѓе не се за предлогот федералната полиција да биде вклучена во контролата на усогласеноста со мерките. Тие велат дека разбираат да полицијата интервенира кога станува збор за голем собир од педесет или повеќе лица, но тие не одобруваат казна за најмало дело.

Пропуштени шанси

Мајкл Корстен, професор по социологија на Универзитетот во Хилдесхајм, своето истражување го насочи кон „корона генерацијата “. Тој спроведе истражување меѓу младите за социјалната дистанца. Резултатите се изненадувачки.

– Иако оваа генерација рутински користи дигитални социјални мрежи, голем број млади многу добро прават разлика помеѓу реалниот и дигиталниот свет – вели Корстен.

Тој смета дека пандемиската криза ќе има долгорочни последици врз планирањето на животот кај младите. Веќе постои цела генерација чија иднина чека и мора постојано да наоѓа нова ориентација.

Тоа, според професорот Корстен, може да доведе до голема фрустрација. Некои шанси за стекнување знаење и искуство, како и за приватниот живот не можат да се надоместат, вели тој, и како пример ја наведува вообичаената година на волонтерска работа во странство по средното училиште.

Професорката по економија Регина Рифан очекува дека оваа генерација ќе има таканаречени „лузни ефекти “ – затоа што младите многу ќе промашат на училиште и на факултет. Поради кризата, додава Рифан, тие ќе бидат платени помалку по првото работно место отколку генерациите пред нив, а тоа можеби нема да може да се подобрува во текот на целата нивна кариера.

Не сакаме во кревет во 11 навечер

Петнаесет минути по официјалниот фајронт во Берлин. Тројца пријатели, Неле, Јоланда и Белен, дури сега би излегле под нормални околности. Тие штотуку ги завршија студиите или професионалната обука и сметаат дека пандемијата им ја гуши радоста во животот.

– Мислевме дека по студиите или стручното училиште можеме да направиме нешто навистина добро – вели Неле и се жали дека сè е готово пред да започне.

– Сакавме да патуваме во странство, вистински да патуваме. Ги имаме нашите дипломи

– Сите се помирија со ситуацијата. Но, за многумина тоа значи одземање на нивната лична слобода за да не можат да излегуваат навечер. Сепак, на некој начин, ни треба – вели Белен.

Таа додава дека во 11 часот навечер веќе не можат да одат никаде.

– Се разбира, нема да бидеме голема група, но нема да легнеме во петок во 11 – додава таа.

Социологот Корстен смета дека ова е природна потреба на генерациите.

– Прославите на помлада возраст значат и горење. Еден млад човек сака да ги тестира границите. И тоа заедно со други луѓе – вели Корстен.

„Корона генерацијата“ се подготвува за нови ограничувања. Оние кои ДВ ги сретна во Берлин велат дека ќе ги почитуваат сите мерки. Но, на сите им е јасно дека многу ќ се пропушти во берлинските ноќи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести