10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

КОГА ПОКОЈНИОТ ТИ ДОАЃА ВО СОН: Пет причини зошто мртвите се појавуваат во сон на своите најблиски

Иако повеќе не се со нас, саканите луѓе кои починале никогаш не не напуштаат. Многу луѓе зборуваат како ги посетуваат во сон, кои знаат да бидат многу реални и живописни. Таквите сониви познати се како – средба во сон, открива порталот shareably.co.

– Мојот татко и мајка починаа пред повеќе од десет години. Отпролика околу шест месеци после смрта нивната смрт, имав барем еден живописен сон со секој од нив, па дури и со двајцата. И тоа не беше обичен сон, чуството беше поинакво. – раскажува Патртик МекНамара.

Таквите сонови често имаат вообичаени теми

– Покојникот се јавува, каков што бил и во животот, но некако помлад и поздрав.

– Пренесува порака на охрабрување на оној кој го сонува, како што е “Во ред сум и сеуште сум со тебе“.

– Пораките од покојникот стигнуваат повеќе телепатски или психички, отколку изречени зборови.

– Сонот е повеќе нормален и реалистичен отколку бизарен, како што знаат и да бидат.

– Соновите се интензивни, како покојникот навистина да е дојден во посета, а оној кој го сонува се сеќева на сонот кога ќе се разбуди.

– Сонот влијае силно на човекот, некои луѓе се менуваат,

– После таков сон следи спознавање, што е право а што е погрешно, или период на жалење или ширење духовен поглед.

– За традиционални народи, кои давале еднаква или дури и поголема онтолошка тежина на соновите во споредба со реалниот живот, средбите во сонот биле уверлив доказ дека постои духовен свет и живот после смрта – објаснува МекНамара.

Додава дека во денешното модерно друштво вакви сонови имаат значајно влијание врз ожалостените. Многумина признале дека токму сребата во соновите со покојните помогнале успешно да го поминат процесот на жалење и да продолжат со животот.

Постојат низа причини зошто покојниот се јавува во сон

 – Сака да ги утеши иние кои тагуваат по нив и им кажуваат дека со нив се е во ред и дека сега се на “онаа страна“.

– Имаат некоја порака за оној кој ги сонува.

-Сакаат да им покажат на саканите дека постои живот после смрта.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести