Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Белгиските лекари сметаат дека вториот бран е ПОСТРАШЕН од првиот

Шефот на единицата за интензивна нега во една најголемите болници во Белгија предупреди дека состојбата во болниците е повеќе од загрижувачка и повика да се почитуваат мерките, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во интервју за јавниот сервис, РТБФ, докторот Филип Девос, шеф на интензивна нега во болницата во градот Лиеж, кој е моментално најтешко погоден, изјави дека бројката на хоспитализирани овие денови ја надмина мартовската и изрази надеж дека ќе пристигне помош од другите градови.

-Нема да можеме да ја обезбедиме вообичаената нега на едноставен начин, ќе биде многу комплицирано да се фокусираме на било што освен Ковид, изјави докторот.

Девос вели дека од март предупредува дека вториот бран може да биде полош од првиот.

-Со епидемиите најчесто вториот бран е полош од првиот поради тоа што се појавува замор и политичка непослушност од населението кон мерките, рече лекарот во интервју.

Од денеска болницата очекува да нема доволно места веќе со оглед на експоненцијалниот раст на случаите на новозаразени, кој е зголемен седумкратно во последните три седмици.

Тој ги повика граѓаните да ја носат својата заштитна маска и да покажат солидарност со здравствените работници преку почитување на мерките.

Белгиската влада минатата недела донесе одлука да ги затвори сите ресторани и кафулиња, да воведе полициски час од полноќ до пет наутро, и побара задолжително да се работи од дома ако е возможно.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...