Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Сакаш ли да и бидеш прв? И колку смее таа да има пред тебе а да не ти пречи…

Во една неодамнешна студија, оние кои не се во романтична врска одговорија на прашањето кој е идеалниот број на сексуални партнери пред нив, со цел една личност да им биде привлечна и блиска без предрасуди.

Повеќето рекле дека бараат партнер кој бил сексуално искусен, но сепак не премногу. Интересно е што мажите и жените се согласуваат во тоа – ниту еден од нив не сака да започне врска со оние кои немаат сексуално искуство, но исто така ни со „сексуално промискуитетни“ луѓе кои претеруиваат со промена на партнерите. Колку е поголем бројот, толку лицето е помалку привлечно.

Истражувачите испитале 188 лица, од кои 104 биле жени. Кога барале авантура, жените не наоѓале интерес и доверба кај мажи кои имале повеќе од шест различни сексуални партнери, додека мажите изгубиле интерес кога таа бројка кај жените надминала единаесетмина.

Според истражувањето жените се дури и помлаку толерантни кон минатото отколку мажите.

Двата пола сметаат дека идеалниот број на претходни партнери е број три. Сепак, ова е различно кога станува збор за потенцијално долгорочна врска. Потоа, повеќето од испитаниците одговориле дека идеален партнер за нив би бил оној со број два зад нив, пренесува порталот Метро.

Причината е едноставна – луѓето се плашат дека колку е поголем бројот на претходни сексуални партнери, толку е поголема веројатноста да бидат и тие измамени или напуштени.

„Наспроти вкоренетото верување дека промискуитетот го толерираат мажите, а не жените, и мажите и жените изразија еднаква неподготвеност да се впуштат во врска со некој што има богато сексуално минато“, напишаа авторите.

Единствената разлика е во тоа што мажите се повеќе подготвени да се впуштат во врска со девици или со некоја со помалку сексуално искуство. Исто така, треба да се земе предвид дека сите испитаници биле во триесеттина години, па затоа е многу можно ставовите да се разликуваат во другите возрасни групи.

Дополнителни истражувања покажаа дека мажите вклучени во студијата имале просечно 8,4 партнери, а жените околу 5,8 партнери.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...