Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Во сообраќајка на патот Кавадарци-Росоман ТЕШКО ПОВРЕДЕН 23-ГОДИШНИК

Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрово, за МИА потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед  во кавадаречката болница.

Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцевобелодробен систем и го упативме на клиника во Скопје, во Ургентен центар, рече докторот.

Од МВР потврдија за МИА дека  околу еден часот било пријавено дека на регионалниот  пат Кавадарци-Росоман  кај село Манастирец патничко моторно возило ,,ауди” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 23 годишен кавадарчанец,  излетало надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни  повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа при кавадаречката полиција. (МИА)

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....