Италија има втора највисока стапка на смртност од Ковид-19 во Европа, после Велика Британија и од почеток на пандемија во февруари умреле 36.427 лица.
Во Италија за последните 24 часа регистрирано е 10.010 нови случаи од корона вирус, што е најголем дневен биланс на новозаболени од почеток на епидемијата. Истовремено како последица од инфекција починале 55 лица, соопштило министерството за здравје, пренесува Ројтерс.
Постојано расте бројот на пациенти на интензивна нега и денес се 638. Како за споредба, во втората половина на јули биле околу 40.
Италија има втора најголема стапка на смртност од Ковид-19 во Европа, после Велика Британија и од почетокот на пандемија во февруари починале 36.427 лица.