Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Екс разузнавачот Алексоски, „Бојкотирам“ и антинато структурите го заземаат ВМРО-ДПМНЕ ?

„Сегашното раководство покажа храброст и доблест. ФРОДЕМ наиде на братско разбирање за теми кои во моментов се предизвик за ВМРО-ДПМНЕ и државата . Заедно одлучивме ФРОДЕМ да се инкорпорира и да даде придонес во процесот на демократизација и борбата за победа на претстојните избори“, озјави денес Љупчо Алексовски на заедничката прес конференција со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Задоволството не го криеше ниту Мицкоски, кој искажа нескриена среќа за овој чин кој го нарече стратешки и визионерски. Мицкоски изрази огромна благодарност до господата од ФРОДЕМ кои ја подржале неговата идеја за окрупнување на опозицијата. Мицкоски е убеден дека со делот од Интегра, претставен преку Воислав Зафировски и ФРОДЕМ претставен од Алексовски, ќе почне враѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се надомести загубата во гласови овие три години.

Мицкоски мазохистички коалицира и со луѓе кои го понижувале само да избегне отчлет пред тие што го бираа

Професорот Јове Кекеновски лидер на ФРОДЕМ на 13 Август јавно го паша Мицкоски колкав му е хонорарот за статирањето како опозиционер.

Претходно, на 4 Август го праша дали ќе се извини јавно за неговите гревови и грешки бидејќи тој верно му слугувал на бегалецот од Будимпешта и на истите оние кои сега ги оцрнувал и за кои се извинувал.

Откако беше пробиена манипулацијата со измислената победа на избори и наводните преговори за состав на влада, кекеновски го запраша Мицкоски дали уште преговара после третите загубени избори.

„Причина повеќе за јавно дејствување како фракција е фактот дека ова наметнато раководство се уште е во закрила и во стегите на поранешните партиски функционери без разлика на јавното глумење на некаква реформа и демократизација. Од тоа нема ништо. Доказ е последниот конкурс за избор на претседатели на општинските комитети на партијата, по сосема ист терк како сите досегашни“, изјави Љупчо Алексовски во Март 2018, откако Мицкоски стана претседател.
Ѓулистана Марковска, екс пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш побара јавно од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го промени статутот како што најавувал при неговиот избор со кој ќе се овозможи незадоволните членови во партијата да можат да делуваат како фракција.

Анти-нато структурите го зацврснуваат своето влијание врз Мицкоски

Според непотврдени информации Љупчо Алексовски бил мостот помеѓу Мицкоски и Кекеновски. Тој ги доближил двете страни за многу кратко време. Неофицијално, Љупчо Алексовски бил исклучително близок со лице во роднински врски со поранешниот разузнавач Синиша Алексовски , чие име се јавуваше и во некои медиумски написи за 27 Април како лице кое соработувало со припадници на српските служби, но се споменуваше и како инволвиран во настаните кои претходеа на Диво Насеље. Дополнително, Синиша Алексовски и неговите твитер ппрофили, од познавачите беа посочувани како едни од иницијаторите на бојкотот на референдумот, а подоцна и на целото движење кое се спротиставуваше на членството на Македонија во НАТО. Информациите од ВМРО-ДПМНЕ говорат дека влијанието на разузнавачот Алексовски врз Мицкоски е огромно и дека дури и Наќе Чулев и останатите кадровски решенија во МВР пред изборите биле негов предлог. Тие толкуваат дека сега Алексовски има потреба од зацврснување на своето влијание во партијата и всушност сето ова е на негова иницијатива, иако помогнале и некои други поранешни и актуелни функционери. Мицкоски би имал полза во одбрана на престолот, објаснувајќи дека ја окрупнува опозицијата, а Алексовски ќе го зголеми своето влијание врз партиските структури.

Единствено губи ВМРО-ДПМНЕ кога сомнителни ликови се факторизираат во партијата

Познавачите велат дека ова е само навидум „вин-вин“ ситуација, бидејќи кога целата приказна ќе биде откриена пред меѓународните претставници, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде страната која што ќе загуби. Мицкоски и досега имаше слаб углед и кредибилитет кај меѓународната заедница, па очекувањата се дека со овој потег уште повеќе ќе се изолира, тргнувајќи по логиката на бојкотирачите и Левица.
Алексовски никогаш не важел за некој фактор во партиските структури, ниту пак некој лидер на ВМРО-ДПМНЕ му дал толкава важност како што денеска му даде Мицкоски. Јавноста го забележа по конфузниот настап на Телма кога тврдеше дека по партиска наредба влијаел при изборот на судии, а кога адвокатот Тортевски го запраша зошто не пријавил ако е правољубив и принципиелен, Алексовски објаснуваше дека тоа би го направил и за него доколку бил добар кандидат .

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...