Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

13 години без Тоше Проески

Денеска се одбележуваат 13 години од трагичната смрт на македонскиот пејач Тоше Проеси, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Како и во изминатите години, во чест на Тоше ќе трчаат десет маратонци и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево.

Тринаесет години од смртта на Тоше ќе бидат одбележани кај новоизграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење, за кое Владата обезбеди 10 милиони денари.

Спомен-куќата на Тоше во Крушево е отворена за посетители со почитување на протоколите за заштита од вирусот. Годинава првпат беше изложена реплика од облеката што Тоше ја носеше на „Евросонг” во Истанбул во 2004 година.

Поради пандемијата, оваа година не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше” која фановите во изминатите години ја организираа на 5 октомври на плоштадот „Македонија” во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион, кој со одлуката на Владата минатата година беше преименуван во Национална арена „Тоше Проески”.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче” (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест” во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници” беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...