2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ФРЛЕНА БОМБА ВО РЕСТОРАН среде Белград (ФОТО)

Утрово фрлена е бомба во ресторан во центарот на Белград, од страна на засега непознато лице.  Инцидентот се случил на улицата Добрашина, во Дорчол, а при експлозијата е направена значителна материјална штета, а оштетени се и неколку автомобили.

Експлозијата се случила во периодот кога ресторанот бил затворен и во него немало гости, и, за среќа, нема повредени.

Целиот случај го пријавил чуварот на објектот во близина, кој ги повикал службите за итни случаи.

Полицијата, пожарникарите и брзата помош веднаш излегле на лице место и е спроведена истрага.

Полицијата работи на расветлување на бомбардирањето и откривање на идентитетот на лицето кое ја фрли бомбата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести