Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Партнерите за “проверка на факти“ ги натераа ФЕЈСБУК И ТВИТЕР ДА ЦЕНЗУРИРААТ ТЕКСТ НА ЊУЈОРК ПОСТ ПРОТИВ БАЈДЕН

Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.

Престојот на Хантер Бајден во Украина е една од најупорните флеки во инаку речиси чистото досие на претседателскиот кандидат на демократите, а најновата вест од Њујорк Пост е најсериозното дополнување што аферата го имала во последно време.

Сепак, неколку часа по објавувањето на веста со сета нејзина тежина, двете најголеми социјални мрежи решаваат дека текстот има сериозни новинарски пропусти околу точноста на информациите, нивните извори и потврда на истите.

Портпаролот на Фејсбук објави дека сторијата на Њујорк Пост „се квалификува за да биде проверена од партнерите на Фејсбук за проверка на факти“, и до тогаш нејзиното ширење на платформата ќе биде ограничено.

Додека од Твитер во исто време објаснуваат дека немаат потврда за точноста и потеклото на информациите во текстот, но и дека истиот ќе биде забранет затоа што наведува дека се базира на хакиран материјал, а ширење на информации добиени преку хакирање не е дозволено според правилата на мрежата.

По ова конзервативците ги обвинија Фејсбук и Твитер дека се мешаат во изборите заштитувајќи го Бајден преку цензурирање на сторијата, а еден од уредниците на Њујорк Пост на Твитер напиша „ова е информациски пуч од големите технолошки компании. Ова е дигитална граѓанска војна“.

Традиционално конзервативниот Њујорк Пост веста ја добива од Руди Џулијани, еден од најблиските соработници на Трамп. Џулијани им предава серија мејлови во кои украинскиот бизнисмен Вадим Пожарскји му заблагодарува на Хантер што го запознал со татко му, тогаш потпретседател на САД. Неколку месеци по состанокот за кој Вадим му се заблагодарува на Хантер, Џо Бајден успешно врши притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот што го истражува бизнисот на Пожарскји.

Во тоа време Хантер како консултант е на платен список на нафтената компанија на Пожарскји, по цена од 50.000 долари месечно. Хантер овие пари ги заработува и покрај тоа што нема никакво искуство во нафтената индустрија.

Мејловите се извадени од оштетен лаптоп оставен во компјутерски сервис во Делавер. На лаптопот има налепница од Бо Бајден фондацијата, а човекот кој го остава лаптопот никогаш не се враќа по него.

Сопственикот на сервисот по некое време го проверува хард-дискот на лаптопот, каде освен мејловите наоѓа и видео од Хантер Бајден како пуши крак додека има секс.

Џо и неговата кампања отфрлаат дека кога било се сретнале со шефот на Хантер.

најчитани вести

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...