Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЕВРОПА ГИ ВРАЌА РЕСТРИКЦИИТЕ – Се затвораат ресторани, училишта, се враќа полициски час

Европските земји сè повеќе ги менуваат рестриктивните мерки за да спречат понатамошно ширење на коронавирусот.

Училиштата и угостителските објекти се затвораат, се воведува полициски час и делумно „заклучување“.

Франција воведе вонредна состојба

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и се обрати на јавноста по повод воведувањето на вонредната состојба. Тој рече дека секој што ќе ги прекрши воведените мерки ќе биде пронајден. Тој посочи дека повеќе нема излегувања во ресторани и собири на пријатели. Јавниот превоз нема да биде укинат.

Полицискиот час ќе биде во сила од 21 до 6 часот наутро, почнувајќи од сабота. Ќе остане на сила во наредните четири недели, рече Макрон.

Германија со рекорден број на заразени

Во Германија, во последните 24 часа, пријавени се 6.638 новоинфицирани со коронавирус, што е најголема бројка за еден ден од почетокот на пандемијата.

Поради зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус, во Германија се одржа состанок меѓу канцеларката Ангела Меркел и лидерите на провинциите, на кој се разговараше за заострување на мерките за спречување на ширење на вирусот.

Политичарите во Германија размислуваат дали да ги продолжат училишните одмори околу Божиќ и Нова година за да ја спречат заразата, иако критичарите велат дека нема докази дека училиштата се жаришта на вирусот.

Словенија со измени во наставата и задолжително носење на маски

Од понеделник наставата од петто одделение ќе се одржува на далечина. Од петок, ќе се воведат ограничувања на движењето помеѓу црвените статистички региони во Словенија, од кои има седум. Во овие региони, носењето маски ќе биде задолжително насекаде, работата на одредени службени и спортски активности ќе биде ограничена, а собирањето на повеќе од десет лица ќе биде забрането.

Онлајн настава во Чешка, Русија, прекин во Северна Ирска

Чешка, европска земја со најголем број заразени лица по глава на жител, ги премести часовите онлајн и планира да испрати илјадници студенти по медицина на терен. Болниците откажуваат процедури кои не се итни за да се ослободат од креветите.

„Понекогаш сме на работ на плачење“, рече Ленка Крејчова, главната медицинска сестра во болницата „Слани“ во близина на Прага, додека општото одделение на болницата се претвора во одделение за пациенти со коронавирус.

Во Чешка, според последните податоци на Министерството за здравство, во средата повторно падна рекордот на дневно зголемување на бројот на новоинфицирани..

Вчера беа потврдени 9.544 позитивни случаи за еден ден, скоро 1.000 повеќе отколку во петокот, што беше рекорд, а починаа 35 пациенти.

Полска ја забрза обуката за медицински сестри и размислува да отвори полски воени болници.

Часовите исто така ќе се одржуваат онлајн во Москва, а Северна Ирска ќе ги затвори училиштата за 2 недели.

Холандија затворени ресторани

Холандија затвори кафулиња и ресторани, но ги остави училиштата отворени.

Дневниот број на нови инфекции во Европа е во просек 100.000, што е третина од вкупниот глобален раст на бројот на нови случаи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...