11.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Гренел: ВУЧИЌ НАПРАВИ ГОЛЕМ ЧЕКОР

Во вторникот, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, го оцени како голем чекор фактот дека е проширен капацитетот на административниот премин Мердаре меѓу централна Србија и Косово и Метохија и дека српскиот персонал започнал со работа во новиот објект. По тој повод Гренел му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој на својот Твитер реагираше на најавата на американскиот амбасадор Ентони Годфри за проширување на капацитетот на преминот Мердаре.

– Благодарение на Доналд Трамп, Србија го направи оперативен административниот премин Мердаре – напиша Гренел на Твитер.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести