6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Дирк Јан Коп.

На средбата беше потенцирана соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и активностите за дерадикализација на борци повратници од странските боишта. Посебен акцент беше ставен на важноста од продлабочување на соработката на полето на борбата против компјутерскиот криминал,  во кое Кралството Холандија е лидер во светот и претставува репер за успешна борба против овој вид на криминал, кој претставува современа глобална закана. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести