8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори на граѓаните што има ветено на Бугарија и дали е на повидок нова уставна промена

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ – реакција на изјавата на Зоран Заев

Зоран Заев се што вети излажа.

Зоран Заев велеше дека нема да го смени името и се колнеше во најмилото па видовме дека и името на државата, го смени и се откажа од идентитетот.
На Заев не треба да му се верува и секоја изјава да се зема со огромна резерва.
Заев наместо да лаже, нека одговори на македонската јавност што има ветено на Бугарија во 2016-тата година.
Заев треба да одговори дали е точно дека барањето од страна Захариева било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени. Договор во кој ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго.
Зоран Заев како премиер нека собере доблест и храброст да одговори на граѓаните дали е на повидок нова уставна промена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести