Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Лекар и стоматолог во штипскиот Затвор позитивни на КОРОНА

Позитивни на коронавирусот се лекарот и стоматологот, кои работат во затворската амбуланта во Затвор-Штип. Заразени се од осуденикот, кој минатата недела беше првиот потврден случај во оваа казнено-поправна институција.  

Директорот на  Затвор-Штип, Мики Тодоров  рече дека денеска на двајца вработени од Затвор-Штип им е закажено тестирање, а како што вели по контакти, кои не ги откриваат и резултатите ќе ги чека. Деветмината осуденици, кои се изолирани по контактите со заразениот осуденик немаат никакви симптоми и се во добра здравствена состојба, а дополнително се ставени уште две осудени лица кои имале контакт со стоматологот, кој еден ден пред да му се појават симптомите на заразениот осуденик, му вадел заб.  

-На истите од страна на вработени лица во Затвор-Штип им се врши мерење на телесната температура. По извршената епидемиолошка анкета од страна на доктори од Центарот за јавно здравје и дадената насока за задолжително тестирање на докторот, стоматологот и на медицинскиот техничар, позитивни на коронавирсот се докторот и стоматологот, додека медицинскиот техничар е негативен, вели Тодоров.

Постојано се врши дезинфекција во затворскиот простории, а здравствената состојбата на изолираните осуденици ја следи медицинскиот техничар и тим од Итната медицинска помош од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип. 

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Свет

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја. Азим, кој бил четврти во редот за државниот...