Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

КОЈА Е „ЗЛАТНАТА КОКОКШКА“ НА БАЛКАНОТ – Македонија на второ место по резерви на злато

Податоците од Светскиот совет за злато (World gold council), најточна база на информации за резервите по земји, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека Србија,  на прво место на Балканот по број на резерви од злато со 32 тони во рведност од 1,66 милијарди, евра, а веднаш по неа се наоѓа  Македонија со – 6,89 тони.

Следува Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато заложено за кредит. За Хрватска, наведената цифра е нула.

Хрватска нема ни грам злато во своите резерви. Уште во 2001 година Хрватската народна банка ги продаде сите резерви на злато (13 тони) за 117 милиони долари. Дел од хрватските економисти сметаат дека хрватската монетарна политика не може да биде независна без златото, но во ХНБ го негираат тоа, тврдејќи дека златото е ризична инвестиција.

Србија најмногу работи на ова поле. Од ноември минатата година до денес, резервите на злато во Србија се зголемија од 21 на 32 тони, а нивната вредност е вкупно 1,66 милијарди евра. Станува збор за 2.500 златни шипки, од кои секоја тежи по 12,5 килограми. Нивните димензии се 17,78 × 9,21 × 4,45 сантиметри. Повеќето средства се чуваат во трезорот на Народната банка на Србија (НБС), односно две третини, а остатокот е на сметките на НБС во странство.

Инаку, златото во некои големи сили сочинува до 70 проценти од вкупните девизни резерви.

Залихите на црногорско злато од 38.477 унци или 1.090 килограми, кои биле наследени од поранешна СФРЈ, не се зголемени за грам и ги нема во земјата. Имено, во 2017 година тие беа заложени по трет пат за кредит во Кредит Свис банка. И ќе останат таму до 2027 година додека не се отплати заемот.

Црна Гора има 1,7 грама злато по глава на жител во државните резерви. Барем така изгледа грубата пресметка кога 1.090 килограми се поделени по бројот на жители според последниот попис – 625.266.

– Златни резерви се ветени за заем во износ од 78 милиони евра, склучен со Кредит Свис АГ Лондон во април 2017 година. Аранжманот за заем е поделен на две транши, едната во износ од околу 48 милиони, а другата 30 милиони евра и како залог заложена на вкупни државни резерви на злато – беше речено претходно од црногорското Министерство за финансии.

Водечките 10 земји во златни резерви во светот поседуваат вкупно над 22.500 тони злато или над 68% од вкупните резерви.

Првото место на листата е за САД, чии златни резерви изнесуваат 8.133 тони и сочинуваат над 72% од резерви во странска валута.

Првите три на листата се оформуваат од Германија, која го зазема второто место со 3.381 тони и една финансиска институција -Меѓународниот монетарен фонд, кој е на третата позиција со 2. 814 тони.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...