Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

„Таа е ѓубре асоцијално“: Карлеуша и Марија Шерифовиќ пак се „спукаа“ јавно

Пејачките, членки на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ често знаат да се „закачат“ и да си кажат сè што им лежи на душа, една на друга. Овој пат, победничката на Евровизија прва ја прозва „скандал дамата“, нарекувајќи ја асоцијално ѓубре! Марија ја прекори својата пријателка и колешка од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ дека е неодговорна, односно  дека ретко одговара на телефонските повици.

„Јелена се јавува, само за итни и смртни случаи. За три месеци, се слушнавме едвај три или четири пати, бидејќи таа е асоцијално ѓубре“ – рече Марија, која ја опсипа својата колешка со „комплименти“.

Се разбира, Јелена не и остана должна:

Тоа е мојот рекорд во комуникацијата со луѓето. Не мислам дека сум асоцијална, туку сум аутистична за тие работи. Никој не сака да се дружи со мене. Марија има обиди, но мислам дека и таа наскоро ќе се откаже. Јас не сум во групата членови на жирито на Вибер затоа што ја немам ниту таа, ниту апликацијата Ватс ап, објасни Јелена, па и таа и забележа нешто на својата колешка:

А, Марија не ми честиташе за големиот успех што го постигнав со онлајн концертот, кој го следеа неколку стотици илјади луѓе. Јас неа секогаш умеам да ја пофалам, таа не ме пофали. Исто така, знам јавно да ја пофалам преку телефон, додека таа не се одважи ниту да ми испрати приватна порака. Обожавам како пее и ја фалам со чисто срце и полна уста затоа што не сум суетна како неа, ѝ возврати Карлеуша.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...