11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НЕ БИВА ШВЕДСКА КАЈ НАС, овде младите живеат кај родителите до 35 години

Веста дека спасоносната вакцина за која Европската комисија со произведувачот договорила испорака на 300 милиони дози по цена од 2,5 евра би можела да стигне до крајот на оваа или почетокот на следната година, ја прокоментира хрватскиот проф. д-р Златко Тробоњача од Одделот за физиологија, имунологија и патофизиологија на Медицинскиот факултет во Риека.

Тој вели дека руската и британската вакцина се многу слични, а сличноста е во носителот на генетскиот материјал кој го кодира коронавирусниот протеин.

Разликата е во тоа што руската вакцина се темели на човечки аденовирус, додека кај британската станува збор за аденовирус на шимпанзата. Проблемот кај руската вакцина е што вирусниот вектор може да создаде имунитет против самиот вектор, што не е случај со британската вакцина кај која нѐ загрижува нуспојавата кај пациентката во текот на испитувањата, која развила миелитис – вели докторот и додава дека иако брзото пристигнување на вакцината е добра вест, сè уште не знаеме дали вакцинирањето ќе ја запре пандемијата.

Сепак, според него треба да се има предвид дека при пронаоѓање на вакцина треба да се произведат милијарди дози и да се дистрибуираат, а тој процес трае со години.

Потоа се поставува прашањето колку долго ќе трае имунитетот што ќе се стекне со вакцинацијата. Ако имунитетот на вирусот биде краток, тоа значи дека ќе мора да се ревакцинираме, што го поставува прашањето за нуспојавите од понатамошните вакцинирања – објаснува Тробоњача.

Ревакцинацијата во овој случај не може да се споредува со вакцинирањето против грипот против кој секоја година се вакцинираме со друга вакцина бидејќи вирусот на грипот постојано мутира. Кај коронавирусот досега се забележани максимално 40 мутации, што, како што напоменува Тробоњача, за вирус е исклучителни малку.

Докторот Трбоњача се осврна и на таканаречениот „Шведски модел“, односно развивање колективен имунитет кој би требало да го елиминира ширењето на коронавирусот и да ги заштити постарите луѓе и ризичните групи..

Шведскиот модел можеби може да функционира во земји како Шведска, но не и во земји како Хрватска. Во Шведска, младите се осамостојуваат на возраст од 18 до 20 години кога заминуваат од домовите на своите родители, додека кај нас таа просечна возраст е околу 35 години и многу млади живеат во повеќегенерациски домаќинства, па затоа е невозможно на овој начин да се заштитат старите лица – рече Тробоњача.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести