13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА ВО ОХРИД ЗА АПСЕЊЕ НА ОПАСЕН ДИЛЕР

Вчера околу 21.30 часот во Охрид, пред угостителски објект кај бензинска станица, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид – Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје. 

Имено, при извршен преглед кај него и на неговото возило биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи.  

По завршување на претресот, А.И. е приведен во Полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик.

Медиа.мк синоќа прва објави за акцијата на полицијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести