Многу јавни личности денес се каат за тетоважите коишто ги направиле во раната младост или заради личноста со која биле во врска.
Една од нив е Џесика Алба. Таа еднаш призна дека жали за две тетоважи. Едната е е лак кој се наоѓа над задникот, а другата е цвет кој се наоѓа на нејзиниот врат.

– Ги направив кога имав 17 години и тоа многу ме иритира. Многупати сум се обидела да го отстранам со ласер, но едноставно не сакаа да ми го прават тоа долу, рече актерката во едно интервју.
Мелани Грифит, после крахот на нејзиниот брак кој се распадна во 2014 година, реши да ја отстрани тетоважата на десното рамо, која беше посветена на нејзиниот поранешен сопруг.

Друга во низата јавни личности кои жалат за тетоважата е пејачката Џеси Џеј, која сакаше да го украси своето тело со стихови од нејзината песна, но настана грешка бидејќи нејзиниот мајстор за тетоважи погрешно го напишал зборот.

Мала незгода се случи и кај актерката Кејли Куоко која со римски бројки на грбот го истетовира датумот на нејзината венчавка со Рајан Свитинг. Сепак, за жал, не се сите љубови за цел живот. Таа се разведе од Рајан по три години, и одлучи да ја покрие старата тетоважа со нова.
Пејачот Џстин Бибер отиде најдалеку од сите, тетовирајќи го ликот на неговата поранешна девојка Селина Гомез, која изгледаше како ангел. По раскинувањето, се ожени со Хејли Болдвин, а тетоважата безуспешно се обиде да ја промени.
– Ова е моја поранешна девојка. Се обидов да и го отстранам лицето со засенчување, но луѓето сè уште знаат дека е таа, призна Бибер во една пригода во интервју за списанието GQ.

